29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2017-та е најризична во политичкиот однос во последните 70 години

2017-та е најризична во политичкиот однос во последните 70 години

glopolitikahaha

Промената на курсот на развој на САД под крилото на Доналд Трамп, кинеската желба за проширување на влијанието и губитничките позиции на германскиот канцелар Ангела Меркел ќе ја направат новата 2017-та година политички „најнестабилната“ од Втората Светска Војна па наваму, сметаат од „Eurasia Group“.

„Во 2017-та година влеговме во период на геополитичка рецесија“, сметаат од компанијата со седиште во Њујорк, цитирани од „Bloomberg“.

Откако Трамп ќе биде инаугуриран, меѓународната економија нема да може повеќе да се потпира на САД да го „црта“ патот на развој, сметаат од компанијата која дава совети на инвеститорите во врска со политичките ризици.

Сигналите кои ги праќа Трамп за затоплување на односите со Русија, скептицизмот кон НАТО, како и фактот дека неговите идеи се совпаѓаат со оние на европските партии кои се против статус кво (на пример, Националниот фронт во Франција), би слабеење „најголемата воена алијанса која го штити светскиот поредок“, се наведува во извештајот на компанијата.

Предупредувањата кои се упатени во него, имаат за цел да потсетат на опсегот од закани за стабилноста во 2017-та година, кои се движат од изборите во Германија, Франција и Холандија и британското планира за излегување од ЕУ, до проблемите во земјите во развој како Бразил и бегалската криза.

Сепак во САД можеби ќе успеат да ги зајакнат своите позиции, смета претседателот на „Eurasia Group“, Јан Бремер.

„Може да станеме сведоци на најлошата во геополитичка смисла година во последниве децении и покрај тоа инвестициите во САД и силата на доларот да продолжат да растат“, изјави тој во интервју за „Bloomberg Television“.

Тој смета дека планираната промена на лидерската позиција во Кина може да го втурне претседателот Си Џинпинг да реагира остро пред предизвиците на надворешната политика, што би довело до заострување на тензиите меѓу САД и Кина. За да се задржи внатрешната стабилност на земјата, Џинпинг во случај на знаци за економски проблеми може да претера со мерките за справување со нив. Тоа, од своја страна, ќе доведе до ризик од нови балони или од премногу строга контрола на капиталот.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, која ќе се стреми да биде реизбрана во есен, ќе се соочи со проблеми предизвикани од „Brexit“, грчката должничка криза и „постојано авторитарниот“ турски претседател Реџеп Ердоган, кој и се заканува на Европа со раскинување на договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција.

Во „Eurasia Group“ сметаат дека постојат и други опасности како:

– Недостаток на економски реформи на глобално ниво. Можно е само Кина да е на вистинскиот пат, а други големи држави како Италија, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција и Велика Британија да се во застој;

– Политичарите да ги обвинуваат централните банки, вклучувајќи и ФЕД, за економските проблеми. Слични напади доведуваат до ризик за меѓународните пазари;

– „Лов на вештерки“ против членови на опозицијата во Турција и се поголемата контрола над турската влада и медиумите од страна на Ердоган. Постои опасност од притисок врз Турската централна банка да ги одржува ниски каматните стапки, а исто така и да се потпира во сè поголема мера на фискални стимулации за постигнување на раст;

– Нуклеарната програма на Северна Кореја. Благодарение на неа азиската држава би можела да се здобие со 20 атомски бомби. Паралелно со тоа таа развива технологија која би дозволила да нанесе удари по Западното крајбрежје на САД.

Евентуалната изборна победа на Марин Ле Пен на претседателските избори во Франција би била најголем политички ризик за Европа, затоа што врските во ЕУ и еврозоната се во процес на бавна дезинтеграција, изјави во интервју за „Bloomberg Television“ професорот по економија од Њујоршкиот универзитет, Нуриел Рубини.

„Ако Марин Ле Пен дојде на власт во Франција, ако анти-ЕУ партија победи во Италија, тоа би било почеток на крајот на Европа и на еврозоната”, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП