25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен буџет на Детска болница – Козле

Зголемен буџет на Детска болница – Козле

direktori-fzom

Детската болница Козле има зголемен буџет од 125,9 милиони денари, што е за 10 милиони повеќе од лани, што ќе треба да обезбеди подобри услови за малите пациенти.

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, во четврток, ја посетија Детската болница – Козле и остварија работна средба со директорот д-р Оливер Зафировски и Ријад Алими, економскиот директор и менаџерскиот тим на болницата.

На средбата стана збор за програмата за работа на Детската болница како и за зголемениот буџет со кој оваа институција ќе располага годинава. Имено, Детската болница – Козле во 2017 година ќе располага со буџет од 125,9 милиони денари, или за 10 милиони денари повеќе од 2016 година. Зголемувањето е наменето за набавка на современи ортопедски помагала за примање на терапија кај децата со цистична фиброза, како и за нови неонатални скринизи за скриени болести кај бебињата.

Треба да се истакне и задоволството од фактот дека Детската болница – Козле функционира во еден нов современ објект, за чиja градба беа издвоени 500 милиони денари и која е опремена со нова опрема која стои на располагање на пациентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП