Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Неколку начини како да ги наградите вработените за успешното работење во оваа година

Време: 14:21

Датум: јануари 5, 2017

Категорија: КАРИЕРА

podarok-ng33

Вие и вашиот бизнис тешко дека ќе преживеете без вашите вработени. Некој сега ќе си рече, „еј како да не… ќе си најдам нови“, но тоа не е така, додека да најдете нови, доста време ќе помине, а вашиот бизнис ќе претрпи голема загуба.

Сфатете дека вашите вработени, со сите свои мани и предности се заслужни за успешноста која ја имате. Да не се тие, ќе го нема ни вашиот успех. Епа сега, ајде реално да зборуваме како можете да им се заблагодарите и како да ги наградите за успешното работење во оваа година, но и да им дадете поттик за наредната година.

Дадете им одмор

Реално, доколку вашите вработени ги анагажирате да работат за време на Новогодишните и Бoжиќните празници, а вие си закажете луксузно патување од 10-тина дена, треба да знаете дека тие нема да се почувствуваат убаво и можеби во овој момент доколку се во тесна финансиска состојба ќе преќутат, но во првиот момент кога тие ќе бидат материјално постабилни, знајте дека ќе ве напуштат. Дадете им одмор, не неплатен, туку платен одмор и покажете им дека ја цените нивната работа и нивното секојдневно залагање, тие ќе ви возвратат на најдобриот начин.

Дадете им подарок

Во оваа група спаѓаат подароците како што се бесплатната вечера во ресторан, некој симболичен украс, нешто што можеби сте слушнале дека им недостасува во домот. Подарете им часовник, привезок, некоја интересна новогодишна играчка или слично. Вие треба тоа најдобро да го знаете, сепак 8 саати во денот сте заедно со нив и веќе знаете на кој и што му недостасува. Доколку не го знаете ова, направете еден интерес потег и во нивната канцеларија поставете елка со кутија за новогодишни желби, така што секој вработен на еден лист хартија ќе запише нешто што би сакал да добие, секако на шала на смеа кажете дека тоа треба да бидат некои мали и скромни нешта.

Патување

Да, добро слушнавте, најдобрите компании за време на празниците на своите вработени и нивните членови од семејството им подаруваат патување, некоја дестинација која не ја посетиле. Можеби џебот ќе ви се олесни за некој денар повеќе, но среќата и задоволството кое ќе го почувствува вработениот ќе резултираат со уште многу години успешно работење за вас.

Парична награда

Знаете како викаат, ако вие јадете прасе за празниците, овозможете им го тоа и на вашите вработени. Во бизнисот не смеете да се делите, нели за успехот треба сите максимално и еднакво да работиме, епа….. ако тоа е така, зашто и сите еднакво да не се храниме. Постојат семејства кои не можат да си го дозволат тоа, а ако вашите вработени ги наградите на ваков начин, тие ќе почувствуваат дека вие максимално ги цените и не дозволувате нивната трпеза да се разликува од вашата. Дадете им парична награда, ако не за прасе, може ќе закрпат некоја економска дупка и ќе ве паметат по вашата добрина.

Или вистината

Ако навистина не можете да си дозволите ништо од наведеното да им подарите, подарете им ја вистината. Вработените знаат да ви помогнат заедно да ги надминете тешките проблеми, и верувајте тоа и ќе го направат, скромно ќе си премолчат и ќе се обидат да ве сфатат и да ви помогнат. Но, доколку на нив им велите дека не сте финансиски способен нешто да им подарите, а вие по три дена си заминете на зимување, тие ќе сфатат дека не станува збор за кризна бизнис ситуација, туку за шеф циција.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Знаци кои покажуваат дека сте поуспешни од тоа што мислите

    Знаци кои покажуваат дека сте поуспешни од тоа што мислите

    Споредбата со другите е секогаш лош начин да го процените сопствениот успех бидејќи секогаш ќе постојат оние кои се подобри, попаметни, побогати или на прв…

  • Ве избегнуваат колегите? Се прашувате зошто?

    Ве избегнуваат колегите? Се прашувате зошто?

    Без оглед на квалитетот на работата и позицијата во компанијата, постојат колеги кои ни се драги, со кои би можеле да пиеме кафе по работното…

  • Вашето време чини пари, искористете го паметно!

    Вашето време чини пари, искористете го паметно!

    Најбогатиот човек на светот, има точно 1440 минути на ден за да ги заработи своите пари. Најобразованиот човек на светот има 168 часа неделно за…

  • Успехот може да се опише со овие осум зборови

    Успехот може да се опише со овие осум зборови

    За успехот и како да се стигне до него стално се зборува. Можеби клучот за успехот е во овие осум зборови. Од различни страни може…

  • 10 најбарани работни места во светот

    10 најбарани работни места во светот

    „Glassdoor“ неодамна направи листа од 10 најбарани работни места во светот, кои имаат минимум 100.000 долари годишна плата. Добрата вест е дека некои од овие…

  • Во вашето CV кажете го само најважното!

    Во вашето CV кажете го само најважното!

    Што да напишете во CV-то, а кои информации да ги изоставите, е дилема со која се соочува секој сериозен невработен кој секојдневно бара работа. Секое…

  • 4 работи кои ги знаат сите успешни жени

    4 работи кои ги знаат сите успешни жени

    Да се има цел е многу важно, но потребна е и визија која ќе ви даде детална слика за тоа како ќе изгледа резултатот по…

  • Прифатете ги своите маани и слабости и станете подобар лидер

    Прифатете ги своите маани и слабости и станете подобар лидер

    Од некои причини професионалците и лидерите одбиваат да ги прифатат своите маани и слабости и на тој начин ги пропуштаат сите прeдности кои ги носи…

  • Учете странски јазици доколку сакате да напредувате на работа

    Учете странски јазици доколку сакате да напредувате на работа

    Кога некој работодавец ќе објави оглас за работа, покрај основните услови кои кандидатот треба да ги исполнува, се наведува и познавањето на странските јазици. Според…

  • Што прават успешните луѓе после работа?

    Што прават успешните луѓе после работа?

    Кога ќе ги исполнат своите дневни обврски, успешните луѓе се трудат да го разубават својот живот. Освен потрагата за мир, тие се концентрираат и на…