29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБродскиот бизнис преживува со консолидација

Бродскиот бизнис преживува со консолидација

kompanii-brodovi3335

Азиските транспортни компании не можат да преживеат сами и тоа ги тера да се спојат.

„Консолидација гледаме во јапонската, кинеската и корејската транспортна индустрија“, коментира Кјонгхи Парк од „Bloomberg News“.

Таа посочи дека дури најголемиот пазарен удел не помага особено многу, а меѓу најголемите пет во бродскиот бизнис секогаш се европските бродски компании.

Парк смета дека играчите на пазарот сфаќаат дека понекогаш е добро да работиш во многу конкурентна средина.

„На пазарот постои мислењето дека со помалку играчи обидите за дампинг во цените на некои компании ќе престанат и ценовните нивоа ќе се обноват. Тоа праќа позитивен сигнал кон индустријата и се очекува таа да стане многу профитабилна и да ги намали загубите. Единствениот реален проблем е со прекумерната продуктивност и тој нема да биде решен наскоро. Останува да видиме колку дисциплинирани ќе бидат бродските компании во иднина“, рече Кјонгхи Парк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП