25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord подготвува и хибриден Mustang

Ford подготвува и хибриден Mustang

hibri-must3

Во следните 5 години компанијата „Ford“ ќе пушти на пазарот вкупно 13 возила со електрични агрегати, вклучувајќи и хибридни модификации на спортското купе „Mustang“ и на пикапот „F-150“. Ова го објави шефот на американската поделба на брендот Марк Филдс.

Во развојот на електрифицирани модели на „Ford“ до 2021-ва година ќе бидат инвестирани над 4,5 милијарди долари. Од вкупно 13 идни модели се веќе познати 7. Меѓу нив освен хибридните „Mustang“ и „F-150“ ќе биде и компактен електричен кросовер, кој ќе може да помине 480 километри со едно полнење. Ќе има и хибриден автомобил (засега не е јасно од кој модел) со автопилот. Тој ќе се појави последен во 2021-ва година.

Во „Ford“ исто така имаат намера да предложат хибридни верзии на полициските автомобили во САД – „Taurus“ и „Explorer“, а исто така и на „Transit Custom“, кој се продава во Европа. Тој ќе може да се полни од електричната мрежа. Ќе има и хибридна варијанта на „Transit Connect“, а 20 примероци од овој модел веќе се подготвени и се тестираат во неколку градови во САД.

Компанијата работи и врз компактен електричен автомобил кој ќе се натпреварува со „Tesla Model 3“ и „Chevrolet Bolt“. Во моментов „Ford“ нуди само еден електричен модел – верзија на „Focus“ на струја која може да помине околу 180 километри со едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП