19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia ја покажа третата генерација на Picanto (фото)

Kia ја покажа третата генерација на Picanto (фото)

tripicanto-00

Јужнокорејскиот производител „Kia“ ја откри третата генерација на субкомпактниот хечбек „Morning“. Под ова име моделот се нуди на домашниот пазар, како и во уште неколку азиски земји, додека на други континенти е познат како „Picanto“.

Новата генерација на „Morning/Picanto“ ќе биде достапна само во верзија со 5 врати. Хечбекот веќе е со зголемено за 150 mm растојание помеѓу двете оски, додека останатите димензии остануваат исти како досега – 3595 мм должина, 1595 мм ширина и 1485 мм висина. Од „Kia“ дополнуваат дека во конструкцијата на моделот е користена 2 пати поквалитетен челик во споредба со претходната генерација.

tripicanto-01

Дизајнот на автомобилот исто така претрпел промени, така што е агресивен. Главната оптика се соединува со решетката на ладилникот, што му дава спортски изглед на автомобилот. Обликот на задните светла е запазен, но таму се појавила индикациската светилка со форма на линии.

tripicanto-02

На домашниот пазар новата генерација на „Morning/Picanto“ ќе се нуди само со 1 мотор – бензински агрегат со зафатнина од 1,0 литар кој развива моќност 76 КС. Моторот работи со 4 брзински автоматски менувач.

tripicanto-03

Во зависност од нивото на опрема хечбекот се нуди со систем за спречување на судир, системот за екстремно запирање, 7 воздушни перничиња, систем за контрола на притисокот во гумите, мултимедијален комплекс со 7-инчен екран на допир со навигација и одржување на „Apple CarPlay“, камера за рикверц и крус контрола.

Цените на возилото во Јужна Кореја се движат помеѓу 7.630 и 10.300 евра. Верзијата за Европа ќе биде претставена за време на саемот во Женева во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП