18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШестчасовениот работен ден се покажа како премногу скап

Шестчасовениот работен ден се покажа како премногу скап

sveden-000

За Швеѓаните, кои се надеваа дека ќе биде воведен 6-часовен работен ден, има лоши вести. Сега излегува дека трошоците се повеќе од придобивките, пренесува „Bloomberg“.

Агенцијата ги цитира прелиминарните резултати од двегодишниот експеримент, кој се одржа во шведскиот град Гетеборг, родното место на „Volvo“. За да се намали работниот ден од 8 на 6 часа на медицинските сестри од старечки дом „Svartedalen“, градот мораше да ангажира дополнителнo 17 лица персонал, за што беа потребни дополнителни 2,2 милиони долари.

Истражувањето покажува дека вработените се чувствуваат здрави, со што се намалуваат одморите и отсуствата поради болест и квалитетот на грижата за пациентот е зголемен, но и покрај тоа, градот нема да продолжи со понатамошно спроведување на планот.

„Ова дефинитивно е поврзано со повеќе трошоци. Сеприсутното скратување на работниот ден е нешто премногу скапо“, изјави политичарот од левиот спектар Даниел Бернмар.

sveden-001

Гетеборгскиот експеримент е последниот од ваков вид, кој се одржа во Шведска, која е позната по својот социјален систем и политика. Искуството е следено со интерес во целиот свет, а активистите на синдикатите ја фалат „прогресивната“ Шведска како улогата „модел“ за намалување на работниот ден.

Иако статистиката покажува дека просечниот животен работниот ден во Шведска се намалува во последниот еден век, во моментов нема планови за воведување на 6-часовен работен ден на национално ниво.

А сепак Бернмар би сакал да види повеќе истражувања за тоа дали намалениот работен ден води до повеќе придобивки за општеството во долгорочен аспект. Еден од аргументите „за“ е дека тој би им дозволил на луѓето вработени во одредени трудово интензивни „бранши“ да го зголемат работниот стаж.

„Јас лично верувам во краткиот работен ден како решение на долг рок. Колку побогати стануваме, толку повеќе ни треба да го обновуваме ова богатство, по начини различни од купување на нов автомобил или повисока потрошувачка“, додава Бернмар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП