19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната, го достигна највисокото ниво од 2013-та година

Инфлацијата во еврозоната, го достигна највисокото ниво од 2013-та година

evrozonata

Прелиминарните податоци на Евростат покажуваат дека во декември инфлацијата во еврозоната се зголемила до 1,1отсто, што е највисоко ниво кое е регистрирано во 2013 година.

Пресметките на Агенцијата за статистика на ЕУ покажуваат дека зголемените трошоци за енергија ja негуваат инфлацијата во земјите од монетарната унија на заедницата. Во последниот месец од годината цените на енергетските производи се зголемиле за 2,5 отсто на годишна основа.

Податоците покажуваат речиси двоен раст во споредба со ноември, кога инфлацијата исто достигна рекордно ниво од 0,6 отсто на годишна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП