20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва се најчестите почетнички грешки во кариерата

Ова се најчестите почетнички грешки во кариерата

P

Сите понекогаш грешиме на работа, најчесто тоа се случува на самиот почеток. Тогаш тоа најсилно го чувствуваме, но тогаш имаме и најголема енергија за поправање на ситуацијата.

За среќа, постојат релативно лесни начини да ги совладате вештините кои се потребни за да го преживеете овој суров бизнис свет. Ова се најголемите грешки кои можете да ги направите на почетокот на кариерата.

Премногу зборувате

Во обид да бидете повеќе шармантни, понекогаш кажувате премногу информации пред луѓе кои не би требало да ги слушнат. Деловните партнери, на пример, не треба да знаат дека некој се разведува, па дека поради тоа е помалку посветен на работата.

Озборување

Оставете ги таквите активности за времето кое го минувате со вашите пријатели. Држете се настрана од канцелариските озборувања. Поделбата на позиции во компанијата многу лесно се менува, а понекогаш причините за тоа се озборувањата.

Промена на работното место поради погрешни причини

Младите луѓе имаат тенденција да ја променат работата само поради тоа што некаде им била понудена поголема плата. На почетокот на кариерата искуството би требало да им биде поважно од парите.

Премногу долго одржување на одредена позиција

Останувањето на работното место на кое сте постигнеле се, бидејќи се плашите дека тоа би изгледало лошо во вашата биографија, е една од најголемите грешки. Време е за одреден потег кога ќе сфатите дека за вас во таа компанија нема иднина.

Заминување со расправија

Златното правило во бизнис светот гласи дека не е дозволено да се рушат мостовите. Голема е веројатноста вашиот иден шеф да се познава со вашиот претходен шеф со кој не сте се поздравиле на пријателски начин. Поранешните колеги и шефови со кои ќе останете во добри односи можат да станат ваши соработници во иднина.

Прекумерена самодоверба

Правилото гласи дека се плаќаат одредените способности и искуства, и се додека не го поседувате бараниот минимум не можете да очекувате одредени бенифиции. Некои луѓе се толку храбри и полни со самодоверба, така што после неколку месеци мислат дека заслужуваат поголема плата. Вооружете се со трпение.

Арогантно однесување

Ако мислите дека се знаете, луѓето нема да ве поддржат, па дури нема ни да ви ја дадат информацијата која сте ја побарале. Вашата подготвеност за помош сигурно ќе биде забележана и ќе прави разлика при донесувањето на одлуката за понуда на подобро работно место.

Страв од шефот

Прифатете го фактот дека вашиот шеф има повеќе знаење и искуство и научете нешто од него. Сетете се дека некогаш и вашиот шеф бил на почетокот од својата кариера исто како вас.

Премногу брз напредок

Луѓето се нетрпеливи и сакаат на брз начин да постигнат што повеќе. Подобра е позицијата да се биде целосно подготвен за предизвиците кои носат подобри позиции. Собирањето на знаење и искуство вреди злато.

Користење на бизнис телефонот и меилот за приватна работа

Повикувањето на пријателите, само за да им објасните колку сте „зафатени“ на работа, не изгледа добро во очите на шефот. Озборувањето за шефот преку службениот меил, може да биде причина за отказ.

Неподготвеност

Од витално значење е да бидете во состојба да ги поставите вистинските прашања и да дадете фидбек информација или коментар на состаноците или презентациите. Ако не го знаете одговорот на некое прашање, не одолговлекувајте, побарајте малку време и кажете: Може ли подоцна да ве контактирам во врска со оваа тема?

Отфрлање на критики

Мора да научите да прифаќате конструктивна критика и да се обидете нешто да научите од неа. Дури и кога не постои реална основа за критика, останете смирени. Побарајте објаснување, на пример: Можете ли да ми дадете пример кога сум ја сработила таа работа на тој начин?

Непризнавање на грешките

Одбраната покажува незрелост и несигурност. Не ги набедувајте другите. Превземете одговорност и извинете се без многу објаснувања. Научете нешто од ситуацијата која ви се случила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП