24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА650 милиони евра е загубата на француските хотелиери

650 милиони евра е загубата на француските хотелиери

nica222

Француските хотелиери во 2016 година изгубиле околу 650 милиони евра, поради страв на туристите од исламистички напади, кои се повеќе го одминуваат Париз и француската ривиера, изјави директорот на компанијата која се хотелско работење “MKG” Јоргос Панајотис.

Ситуацијата е малку подобрена во последниот квартал, бидејќи хотелите во Париз ги спуштија цените за божиќните и новогодишните празници, а и поради растот на доларот кој ги врати американските туристи.

„Ние веруваме дека оваа година треба да биде подобра од претходната, но ние не сакаме да се вратиме на нивото од 2014 година“, изјави Панајотис.

Приходите по хотелска соба (RevPAR) падна за 14,6 отсто во Париз во 2016 година во споредба со 2015 година, и за 2,8 отсто на ривиерата.

Повеќе од 230 луѓе загинаа во напади на милитантите во Франција во изминатите две години.

Хотелите во Париз за божиќните и новогодишните празници цените ги намалија за 7 до 8 отсто, а некои луксузни хотели дури за 15 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП