24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПогледнете го фитнес трендот за 2017-та (фото+видео)

Погледнете го фитнес трендот за 2017-та (фото+видео)

fit-trend-00

Ако мислите дека инспирира спинингот или воздушната јога, тогаш можеби „FloatFit“ , фитнес трендот кој бара здрави нозе и рамнотежа, ќе ви се допадне.

„Float Fit“ комбинира вежби инспирирани од јогата и високо-интензивните интервал на обука (HIIT) се прави на специјално дизајнирана табла наречена „Aquabase“.

fit-trend-01

Со овој тип на тренинг го оптоварувате секој мускул во телото, а за 30 минути може да изгори до 400 калории, бидејќи цело време се бори да го задржи балансот на табла. Една табла чини 699 фунти, но во моментов се организираат тренинзи само во Велика Британија.

Сето ова може да ви звучи лудо, но си има објаснување. Нестабилноста на површината и искуството да се балансира во водата го прават овој тип на тренинг уникатен.

fit-trend-02

Лејла Френсис Колман, која е творецот на оваа табла и ги организира курсевите била инспирирана од своето детство, кога правела напори да се научи да плива.

„Floatfit“ класите започнуваат во 2015-та година, но добиваат меѓународно признание, кога во мај е пуштено видео од тренингот и тоа собира над 120 милиони прегледи.

fit-trend-03

Но „FloatFit“ ќе треба да се натпреварува со безброј други фитнес вежби, кои се борат за титулата „Тренд за 2017-та година“, исто како пред некое време кога зумбата го освои светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП