25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВинилот се враќа: Во 2016-та рекордна продажба за 25 години

Винилот се враќа: Во 2016-та рекордна продажба за 25 години

record-store33

Трендот на зголемување на продажбата на грамофонските плочи во Велика Британија продолжил и во текот на штотуку завршената 2016 година и го достигнал највисокото ниво во последните 25 години, соопшти Британската фонографска индустрија (BPI).

Во текот на 2016 година љубителите на музиката купиле повеќе од 3,2 милиони винилни плочи, што е најмногу од 1991 година и зголемување од 53 отсто во однос на претходната 2015 година.

Најголема била побарувачката по плочите на лани починатата рок икона Дејвид Боуви, чиишто пет албуми по неговата смрт во јануари 2016-та беа вброени на листата на Топ -30 винилни изданија во историјата. Неговиот последен албум „Blackstar“, кој во продажба беше издаден само два дена пред неговата смрт, е најпродаваниот винилен носач на звук минатата година.

Од BPI го изнесуваат податокот според кој ова е деветта година по ред во кој се забележува зголемување на купувањето грамофонски плочи, и потсетуваат дека во 2007 година е забележана продажба од само 200.000 плочи, и се чинело дека музичката публика за нив повеќе нема интерес.

Во текот на 2016 година секој од најмалку 30 албуми е продаден во повеќе од 10.000 примероци, во однос на 10 албуми кои толкав тираж достигнале во 2015 година.

„Веруваме дека овие податоци зборуваат за надоаѓањето на ветувачкиот нов период за музиката, како и дека во новиот стар тренд ќе уживаат сите, и љубителите, и музичарите, а и музичкиот екосистем“, вели Геоф Тејлор, извршен директор на BPI и Brit Awards.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП