28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПобедете ја настинката за само три часа!

Победете ја настинката за само три часа!

nastinkata333

А заедно со настинката ќе го загубите и друштвото, еве зошто…

Во нашата земја се верува дека лукот и ракијата лекуваат се. И најверојтано тоа е точно, барем, кога станува збор за лукот.

Ова го потврдија и светските научници. Истражувањето чии резултати се објавени во магазинот „Journal of Nutrition“ покажа дека консумирањето на оброци со пет грама сиров и сецкан лук, односно две чешниња лук, драстично брзо, дури за само три часа, ги активира гените кои се вклучени во производството на бели крвни зрнца, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем на човекот.

70247_profimedia0043727437_630x0

Научниците не можат со сигурност да потврдат дека лукот кој ги активира овие гени така брзо ќе ве ослободи од настинката, но претходните истражувања ја потврдуваат таа претпоставка. Испитаниците кои јаделе лук, поретко се разболувале, а симптомите на настинка побрзо им поминувале отколку на оние кои не јаделе лук.

Тоа е така, велат, поради селенот, некои ензими и витаминот Ц во белиот лук.

Па така, ако ве зафатила настинка, пробајте, не може да ви наштети. Грицкајте свеж лук, или ставете го во некоја салата, испијте чаша јогурт со него и сл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП