23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија вработила преку 50 илјади луѓе од регионов во првите 11 месеци...

Германија вработила преку 50 илјади луѓе од регионов во првите 11 месеци од 2016 година

deutch

Во Германија, во првите 11 месеци од 2016 година, се вработиле 50.000 луѓе од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

Според податоците на Германската сојузна агенција за работа, во истиот период во 2015 година одобрение за работа добиле 16.500 луѓе од овие држави, пренесе Capital.ba.

Тие луѓе морале да имаат конкретна понуда за работа или понуда за пракса, пишува германски Die Welt.

Најмногу, Програмата за забрзано добивање азил на Германија ја искористиле луѓе од Косово, па за 11 месеци во минатата година нивниот број пораснал за 263 отсто, односно 16.400 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП