24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКаква ќе биде новата Toyota?

Каква ќе биде новата Toyota?

opo309

Премиерата на „Toyota Camry 2018“ претстои во јануари за време на автосаемот во Детроит.

Тогаш ќе се открие целосно завесата над новиот автомобил. Засега знаеме за некои детали кои не ориентираат за изгледот на возилото. Новата „Toyota“ ќе биде базирана на модуларната платформа „TNGA“ која веќе ја познаваме од четвртата генерација на хибридниот „Toyota Prius“.

Седанот на „Тојота“ ги има сите изгледи да стане извонреден модел. Некои негови карактеристики се превземени од премиум моделите на „Lexus“. Планирана е и спортска верзија со заден спојлер и агресивни „бампери“.

Во кабината ќе бидат подобрени сите употребени материјали, а внатрешниот простор ќе биде поголем.

За „Toyota Camry 2018“ се подготват целосно нови мотори. 2.5-литарскиот атмосферски мотор ќе добие директно вбризгување на гориво.

Прво ќе биде достапен 2.0-литарски турбо агрегат со 245 КС од „Lexus IS“. 3.5-литарскиот V6 сепак ќе биде како опција, а со текот на времето ќе се појави хибридна модификација. Покрај тоа седанот „Toyota Camry 2018“ ќе биде со 8-степен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП