19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter пушта 360-степени видео содржини

Twitter пушта 360-степени видео содржини

tw333

Социјалната мрежа „Twitter“ претстави нов начин на кој нејзините корисници ќе гледаат што се случува во светот – преку 360-степени видео содржини, соопштува компанијата.

Според неа од денес луѓето можат да гледаат интерактивни 360-степени видео содржини од интересни корисници и да разберат што се случува со нив.

„Ќе имаат можност да „ѕиркаат“ што прават добро познатите личности зад сцената за време на ексклузивни настани“, посочуваат од екипата на „Twitter“.

Од компанијата додаваат дека кога ќе видите знак „LIVE 360“, можете да го изберете и да го промените она што го гледате, со поместување на телефон или кога го преместувате прстот низ екранот, при тоа додека гледате во живо.

Иако сите на „Twitter“ и „Periscope“ може да гледаат 360-степени видео содржини, во моментов само избраните партнери можат да прават такви содржини во живо, тврдат од социјалната мрежа.

Истовремено компанијата бара нови можности да ги привлекува корисниците. Во профил на „Twitter“ главниот извршен директор Џек Дорси упати прашање до своите следбеници, молејќи ги да посочат на какви функции би се радувале доколку ги видат на „Twitter“ во 2017-та година.

Според „The Verge“ голем дел од корисниците инсистираат за можност за уредување на твитови. Дорси пак покажа желба да одговори на овие барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП