19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајдобрите деловни совети од оваа година

Најдобрите деловни совети од оваа година

success-640x330

Во годината која за уште еден ден ќе биде зад нас, прочитавте многу деловни и животни совети и цитати и тоа од успешните, богатите и славните. Ова се најдобрите цитати од 2016 година според мислењето на „Time“ и „Yahoo“.

„Што би требало да се направи за сиромашните да почувствуваат подобрување многу побрзо? Потребен ни е напредок во технологијата и потребно е да им го доставиме на луѓето на кои им е најпотребно. Мораме да ја избришеме половата разлика. Земјите каде девојчињата не одат во училиште и во кои жените не можат да започнат свој бизнис да бидат минато“ – Бил Гејтс

„Единствен начин да ги преживеете тие долги часови е да го сакате тоа што го работите. Треба да бидете страствени околу тоа што го работите, и да верувате во влијанието кое ќе го имате на светот“ – Ричард Бренсон

„За да бидете претприемач, морате да раширите што е можно поширока мрежа. Преземањето на ризик е само дел од работата и морате да бидете подготвени на реалноста, а тоа е дека повеќето од вашите идеи нема да успеат. Продолжете со елан дека еден ден, една од вашите идеи ќе биде остварена и голема – Иан Бремер

„Новите генерации би можеле да бидат многу пребирливи кога станува збор за деловното исполнување, но тоа не е лоша работа. Компаниите кои се во состојба да ги откријат начините да ја задоволат нивната љубопитност и да обезбедат пат за напредок – иако тоа не значи секогаш директно напредување – ќе ја имаат таа важна лојалност на вработените – Рајан Холмс

„Барам од секој од вас, да се однесувате непослушно. Отфрлете го системот. Борете се за она во што верувате. Сега е време за тоа. Вие сте единствени кои го можат тоа. Светот, како ниту една друга генерација, го добивте за да го креирате по своја замисла – Марк Руфало, говор за студентите дипломци.

„Не бегајте од ризикот и исклучете се од сите цинични критики. Историјата ретко придонесува за една личност, но размислете за тоа и никогаш не заборавајте што ќе биде кога ќе се случи тоа. Тоа можеш да бидеш ти. Тоа би требало да бидеш ти. Тоа мораш да бидеш ти. – Тим Кук

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП