25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 совети кои ќе направат пресврт во вашата кариера во 2017

10 совети кои ќе направат пресврт во вашата кариера во 2017

posao-od-kuce-e1481110818830

Сајтот ,Forbes’ ги објави некои од најдобрите совети за претприемачите за 2017 година. Секогаш стремете се кон повисокото, бидете амбициозни и имајте на ум дека (главно) вие сте одговорни за својата кариера.

1. Вие би требало да сте најодговорни за својата кариера.

Ако се поставите дека, во најголема мера, вие сте личноста која управува со својата кариера, тогаш на работите ќе гледате на друг начин и нема својот деловен пат да им го препуштате на другите да го градат.

2. Не се плашете да побарате пари.

Без разлика дали преговарате околу платата, зголемувањето или други работи поврзани со вашите финансиски средства, немојте да бидете исплашени. Како што работодавачот бара од вас одредена количина и вид на работа, така и вие имате право да побарате толку колку што мислите дека треба да заработувате. Секако, барањата треба да бидат поткрепени со некои факти.

3. Бидете тврдоглави кога е во прашање визијата и флексибилни кога е во прашање патот кон исполнување на таа визија.

Немојте да се откажувате од своите соништа и визии, но бидете отворени и подготвени на компромиси кога треба да ги исполните.

4.Бидете силни, амбициозни и знајте точно што сакате.

Совет за секогаш. “Опрема” за која било работа во било која земја, било кога.

5. Своето онлајн присуство третирајте го подеднакво внимателно како и својата офлајн персона.

Некој кој не ве познава, на пример вашиот иден потенцијален работодавач, за вас може да пресуди само на основа на она што сте напишале или објавиле на друштвените мрежи. Затоа, внимателно…

6. Не бидете преостри кон себе ако не сте го постигнале она што сте го зацртале. Ќе успеете некогаш.

7. „Секој ден кога одам на работа, го претставувам своето семејство и секогаш ги имам на ум кога нешто работам – тоа ми дава самодоверба за да успеам“.

Јесенија Алмонте, некогашната уредничка на магазинот и сегашна извршна директорка на „Avon“, во едно интервју подели совет за успех.

8. Ниту еден блогер или дигитален инфлуенсер не постои во вакумот.

Што би значело (посебно за оние кои се занимаваат со дигитален маркетинг) дека заедницата е клуч за изградба и јакнење на вашиот бренд.

9. Не чекајте покана…

…секогаш преземајте иницијатива. Не бидете нападни, но ако имате пасивен пристап, тоа никаде нема да ве однесе.

10. Дајте си себеси време да размислите и да го послушате својот внатрешен „радар. Тоа ќе ве освежи и инспирира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП