24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru WRX пропушта една генерација

Subaru WRX пропушта една генерација

impre330

Новата генерација на „Subaru Impreza“ беше претставена во пролетта, а на пазарот автомобилите од семејството се пројавија во текот на есента. „Надуените“ модификации „WRX“ и „WRX STI“ сепак продолжуваат да доаѓаат во стара варијанта, а тоа нема да се промени.

За изданието „Motoring“ еден од водечките инженери во проектот открива дека новите суперседани ќе бидат подготвени минимум за 4-5 години. Проблемот кај нив е дека се појавија дури во 2014-та година и се уште не го исцрпиле својот удел и конкурентен потенцијал. Двете машини ќе претрпат „фејслифт“ во 2018-та година, но промените ќе бидат минимални.

Така целосно новите „Subaru WRX“ и „WRX STI“ ќе бидат подготвени на почетокот на следната деценија. Според информациите спортските седани ќе добијат хибриден погон, при што на традиционалните бензински мотори од типот „боксер“ ќе им помагаат еден или неколку електромотори. По патот на хибридизација тргнаа и креаторите на друг легендарен спортски модел – „Nissan GT-R“, чија следната генерација ќе биде токму со таков погон.

impre3301jpg

Роковите кои ги поставија во „Subaru“, за премиера на двете машини, покажуваат дека тие ќе бидат подготвени при смената на генерациите на „Impreza“. И така седанот ќе биде создаден врз основа на следната 6-та генерација, а сегашната 5-та, ќе остане без нив.

Во моментов „Subaru WRX“ доаѓа со 2,0-литарски мотор, кој развива 256 КС. Помоќната верзија „WRX STI“ за возврат е опремена со 2.5-литарски мотор со 300 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП