23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon ќе создава лебдечки магацини

Amazon ќе создава лебдечки магацини

image-3-_cr081340762_

Компанијата Амазон предаде патент за лебедечки магацини во кои би ги чувал производите за достава кои би служеле како бази за полетување на дронови.

Патентот бил предаден уште пред две години, но за него стручњаците за технологија дознале дури во средата.

Според документите, дроновите кои ќе тргнуваат од таканаречените воздушни дистрибутивни центри(Airborne Fulfillment Centers, AFCs), би користеле многу помалку енергија од оние кои полетуваат од земја.

Магацините би лебделе на висина од 13.700 метри, а производите до нив би се доставувале со ракетоплани или помали воздушни бродови.

Амазон и претходно најави планови за револуција во системите за достава преку користење на дронови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП