19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOвие смартфони од 2016-та може најлесно да се поправат

Oвие смартфони од 2016-та може најлесно да се поправат

fiks-ured33

„iFixit“ веќе 13 години дава веродостојни туторијали со детално опишување на техничките уреди на својата интернет страна. На многумина им е интересно да гледаат колку е лесно или тешко да се расклопи одреден уред, отколку какви се неговите технички перформанси. „iFixit“ зa oвој сегмент дели оценки од 0 до 10.

Нормално дека ниту кај „iFixit“ не пристигна секој смартфон кој беше претставен во 2016-та години, но оние најпопуларните имаа можност да бидат расклопени до последниот дел. Најдобро помина „LG G5“ со оцена 8/10, кој може да се заблагодари на отстранливата батерија и модуларните компоненти. Зад него се „Google Pixel“ и „Pixel XL“ со оцена 7/10 – иако повеќето компоненти се модуларни, исклучително е тешко да се дојде до нив без да пукне екранот.

„iPhone 7“ и „iPhone 7 Plus“ исто така добија оценка 7/10. Eкранот и батеријата релативно лесно може да се заменат, но уредот во целост да се расклопи потребни се четири различни одвртки и многу вештина. „iPhone SE“ одби една оценка подолу затоа што кабелот од „Touch ID“ лесно може да се оштети при расклопувањето на компонентите.

„Samsung Galaxy Note 7“ доби премногу ниска оценка, 4/10. Иако веќе го нема во продажба, тоа не е проблем, но добро е да се знае дека токму батерија поради која беше откажан уредот, е најтешкиот дел за замена. „Galaxy S7“ и „S7 Edge“ поминаа со уште полоша оценка, 3/10, а причината за тоа е „сендвичот од стакло и лепак кој е исклучително тешко да се раздели“.

За крај ќе го споменеме „Apple AirPods“. Бежичните „in-ear“ едноставно неможе да се расклопат без во целост да се скршат, а исто важи и за делот за полнење. Па така, не може да се поправат и во случај на дефект секогаш ќе добиете нови, а за „iFixit“ тоа значи оценка 0/10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП