20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNaptime: Паметен уред за сите кои сакаат да спијат! (видео)

Naptime: Паметен уред за сите кои сакаат да спијат! (видео)

naptime-39393

Револуционерниот изум наречен „Naptime“ ќе ви помогне во совршениот краток одмор, ќе ја зголеми концентрацијата и расположението, а има влијание и за поголема продуктивност.

„EEG“ сензорите во уредот за време на спиењето ја следат вашата мозочна активност, па „Naptime“ ќе ве разбуди во вистински момент, поточно во лесна фаза на сон и во целост ментално ќе ве освежи.

Придобивките од кратката дневна дремка се повеќекратни. Секој дневен сон пократок од половина час може да помогне при будење и да го подобри учењето, а исто така може да помогне и доколку ноќниот сон бил лош или прекраток.

„Naptime“ е направен до мемориска пена со милијарди честички чувствителни на температура и со „3D“ дизајн кој остава простор за очи, па така нема да чувствувате никаков притисок, а уредот исто така во целост ќе ја блокира светлината.

Внатрешноста на маската е обложена со проѕирна ткаенина и квалитетна кожа од надворешна страна, која ја има во повеќе бои. Уредот пристигнува и со „HI-FI“ дигитални слушалки и ве заспива со музиката од вашиот уред, а за будење може да се одбере и омилена песна.

Кратката „дремка“ ги намалува фустрациите на работа, ја намалува раздразливоста, но и дава подобри резултати. Дремката од 10-20 минути дневно, барем три пати неделно, ги подобрува когнитивните способности за дури 40%, подобра е од филџан кафе и за 37% го намалува ризикот за смрт предизвикана од срцеви болести.

„Naptime“ преку платформата „Indiegogo“ до сега има собрано повеќе од 28.000 долари, па со тоа речиси ја оствари својата цел.

Погледнете како точно изгледа и функционира овој уред:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП