24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфоните на тајванските компании бележат пад на продажбата

Смартфоните на тајванските компании бележат пад на продажбата

teooo

HTC, Asus и Acer бележат пад на продажбата на своите телефони на пазарите во САД, Европа и Кина, поради што тие нема да ги остварат проектираните испораки за оваа година.

Иако HTC оваа година објави многу конкурентен производ во форма на HTC 10 телефонот, тоа не и помогна премногу на компанијата во бизнисот, но според DigiTimes, тајванската компанија нема да биде во можност да ја оствари очекуваната испорака на телефони во 2016 година.

HTC во текот на 2015 година испорачал вкупно 18 милиони телефони, но се очекува дека оваа година испораката ќе падне на 10 до 12 милиони.

Компанијата значаен пад имаше во Кина, САД и Европа, што е и главна причина за падот на испораката на годишно ниво.

Оваа година не беше премногу добра ни за Asus, кој според прогнозите ќе испорача 20 милиони телефони во 2016 година, што е помалку од планираните 25 милиони кои ги предвиде компанијата. Слично на HTC и Asus имаше најголем пад на продажбата во Кина, Европа и САД.

Според податоците, ниту Acer нема да успее да ја оствари својата цел од околу 10 милиони испорачани телефони во текот на оваа година. Компанијата во текот на 2016 година испорачала само околу 5 милиони телефони.

Извори укажуваат на тоа дека тоа ни 2017 година нема да биде значително подобра за тајванските производители на телефони, а на ова се повеќе има влијание големата конкуренција од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП