24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРСБСП: Немојте да учествувате во сообраќајот ако имате консумирано алкохол!

РСБСП: Немојте да учествувате во сообраќајот ако имате консумирано алкохол!

drunk-driving-prevention

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот.

„Единствениот услов за безбеден сообраќај за време на празничните денови е да ги почитувате сообраќајните правила и прописи и условите на патот и да се прилагодувате кон нив. Само така ќе бидете сигурни дека безбедно и на време ќе пристигнете до саканата дестинација“, порачуваат од РСБСП.

„Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот, единствен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не консумирате алкохол бидејќи алкохолот е една од водечките причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со смртни последици“, се вели во апелот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП