29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБил Гејтс: Три вештини кои би морале да ги имате за да...

Бил Гејтс: Три вештини кои би морале да ги имате за да бидете успешни

645x344-bill-gates-reveals-three-skills-that-will-get-you-hired-1482616152766

Бил Гејтс открил кои три вештини треба да ги има личноста која сака да биде успешна на пазарот, а ако науката и броевите не ви се силна страна – вие ги немате тие особини.

Според податоците кои ги собирал со години, легендарниот технолошки претприемач и ко-основач на „Microsoft”, рекол дека најуспешни ќе бидат луѓето кои потекнуваат од сферата на науката, инженерството и економијата, пишува „Indipendent”.

Во текот на разговорот со еден од шефовите на „LinkedIn”, Даниел Рот, Гејтс рекол: „Мислам дека основните познавања од науката, економијата и математички вештини ќе биде токму она што во иднина многу работодавачи ќе го бараат од кандидатите”.

„Не е неопходно да знаете сами да пишувате кодови, но важно е да знаете што инженерите можат и што не можат”, додал тој.

Гејтс истакнал дека токму таквите работници ќе бидат „агенти на промените во сите институции”.

Гејтс неодамна објави дека ќе вложи повеќе од милијарда долари во борба против климатските промени, така што ќе инвестира во нови начини на производство на „чиста енергија”. Другите богаташи како што се Ричард Бренсон, Џеф Безос и Џек Ма вложиле 170 милијарди во тој проект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП