20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИрвинг го реши големото дерби во НБА, Кливленд - Голден Стејт 109:108...

Ирвинг го реши големото дерби во НБА, Кливленд – Голден Стејт 109:108 (видео)

1075246520586045da71d1d619710554_w640

Кајри Ирвинг со поените постигнати на 3,5 секунди до крајот на натпреварот го реши големото дерби во НБА лигата помеѓу Кливленд и Голден Стејт 109:108.

Реприза на последните две финални пресметки помеѓу Кливленд и Голден Стејт во целос ги оправда очекувањата, по голема борба победи актуелниот шампион. Интересно Кливленд на овој меч до поените на Кари водеше само два пати 12:10 во раната фаза од првата четвртина и 105:103 на 70 секунди до крајот.

Голден Стејт во финишот на првото полувреме имаше десет поени предност, но Кливленд ја анулира со серија 8:0. Најдобриот тим на Западот во последната четвртина стигна до огромни 14 поени позитива но не успеа да ја заврши работата.

Драмата се случи во последните 70 секунди, Кари погоди тројга за предност на ГС, но потоа Ирвинг два пати поентираше од тешки позиции за победа на актуелниот првак.

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд со 31 поен и 13 скокови, а меч винерот Ирвинг заврши со 25 поени, 10 асистенции и седум скокови.

Кевин Дурент со 36 поени и 15 скокови го предводеше ГС, Клеј Томпсон уфрли 25, Дрекмод Грин 16, а Стеф Кари 15 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП