25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМотивирачки цитати за сите оние кои бараат работа

Мотивирачки цитати за сите оние кои бараат работа

images_images_job-1

Магазинот „Форбс“ на едно место собра неколку цитати кои ќе им помогнат на оние кои бараат работа, својата потрага да ја продолжат со уште поголем елан.

Иако „Форбс“ овие цитати ги намени за луѓето кои бараат работа, тие можат да бидат инспирација и во други прилики. Прочитајте:

– Падни седум пати, но стани и осмиот – јапонска поговорка

– Иднината останува на оние кои веруваат во убавината на своите соништа – Еленор Рузвелт

– Луѓето кои се неспособни да се мотивираат себе мораат да се помират со својата просечност, без оглед колку се талентирани – Ендру Карнеги

– Дефиниција за лудило е кога секогаш работите иста работа, а очекувате други резултати – Бенџамин Френклин

– Пронајдете нешто што сакате да работите, а потоа најдете некој кој ќе може тоа и да го плати – Кетрин Вајтхорн

– Клучот за успех е самодовербата. Клучот за самодоверба е подготовката – Артур Еш

– Една од состојките за успех е и патот од неуспех до неуспех, а притоа да не го изгубите ентузијазмот – Винстон Черчил

– Големите работи обично „одат“ кај луѓето кои ќе се докажат со мали работи – Ралф Валдо Емерсон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП