Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALKB 18,510.00 0%    GRNT 680.02 0%    KMB 2,813.41 -0.58%    NOSK 92,250.00 0%    OHB 4,950.00 -0.2%    RMDEN14 96.00 1.05%    RMDEN15 95.00 -0.42%    SBT 1,281.00 -5.11%    STB 900.00 0%    STIL 76.00 1.13%    TEL 255.00 -2.39%    TKVS 2,024.00 -2.97%    TNB 10,802.42 -1.76%    

Интервју со Јандре Здравески, сопственик и директор на Металотехника Прилеп

Време: 08:00

Датум: декември 24, 2016

Категорија: ИНТЕРВЈУ

bobo

Само 1-2 милиметри нанесени од „ТермоСтоп“ заменуваат 50-70 милиметри класична изолација, а заштедата на енергија е 30-50%, со што инвестицијата во ваква изолација се враќа за една грејна сезона.

Македонскиот иновативен производ- хидро-термо изолација произведена со нано-технологија – „ТермоСтоп” има потенцијал брзо да ги освои конкурентните европските пазари, и да биде производ создаден во македонија кој ќе има широка употреба во градежништвото. Тоа и за нашата редакција беше повод да разговараме со г. Јандре Здравески, сопственик и директор на Металотехника Прилеп, производител на овој производ.

Денар: Во прилепската компанија „Металотехника“ неодамна започна да се произведува иновативниот производ „ТермоСтоп”, кој всушност е хидро-термо изолација произведена со нано-технологија. Како започнавте?

Првичната идеја дојде од рускиот премиер Дмитри Медведев и неговото обраќање на национална руска конференција за енергетска ефикасност, каде потенцира дека на пазарот недостига иновативен и ефикасен изолационен материјал. Тоа не инспирираше да се заинтересираме за најновите технологиии и трендови во сферата на изолацијата. Направивме тим од 9 домашни експерти и се впуштивме во работа која за среќа заврши успешно“. Денес, слободно можеме да се пофалиме дека нашата компанија е една од малкуте во светот која произведува ваков производ, производ кој има иднина, и кој се повеќе се бара на пазарот.

aaa

Денар: Дали при реализацијата имавте надворешна поддршка?

Проектот пред неполна година доби поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој. Целиот проект чини 85.000 евра, а е кофинансиран од Фондот со 60.000 евра. Суровините се набавуваат од Русија, Кина и Германија и мал дел од Македонија со интенција уделот на домашни суровини во иднина да расте.

Денар: Кажете ни нешто повеќе за Термостоп?

Иновацијата на Металотехника Прилеп, термоизолациониот материјал „ТермоСтоп” претставува течна композиција на водена основа, произведена со нано-технологија која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен.

Овозможува заштеда најмалку 30 – 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува. Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн.

Може да има примена во станбените објекти, а подеднакво и во индустриските капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација.

Денар: Станува збор се еколошки производ, чие производство не влијае негативно на животната средина. Кажете ни нешто повеќе?

Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди. Пред да почнеме со производство, безбедноста и нетоксичноста на сите суровини се испитува во странски лаборатории, што дава гаранција дека овој изолационен материјал е eco-friendly и не ја загадува околината. Досега се направени анализи на Природно-математичкиот и Ветеринарниот факултет во Скопје, на Градежниот факултет во Софија за одредување на коефициентот на топлотна спроводливост λ (0,058), а до крајот на годината се чекаат и резултатите од Институтот Винча во Белград.

Засега сите испитувања и добиени резултати покажуваат дека имаме одличен производ чии што клучни предности се: можноста да се нанесува на различни површини. Само 1-2 милиметри нанесени од „ТермоСтоп“ заменуваат 50-70 милиметри класична изолација, а заштедата на енергија е 30-50%. Според сите проценки инвестицијата во ваква изолација се враќа за една грејна сезона“.

Денар: Дали планирате извоз?

Првите контакти за извоз на „ТермоСтоп“ во Русија и Украина се направени. Ова се пазарите каде се очекува производот да има најголем пробив. Годишно Металотехника ќе произведува 25.000 литри течна изолација, за чие производство е набавена и нова опрема.

КОМЕНТАРИ

  • Интервју со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит

    Интервју со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит

    Разговор со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит, која e една од првите фирми во Македонија која се занимава со увоз,…

  • Интервју со Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторe Македонија

    Интервју со Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторe Македонија

    Ајхан Узун: Поставувањето на високи стандарди и позиционирањето како лидер е голем предизвик Факт е дека никој не може да остане рамнодушен и да не…

  • Интервју со претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски

    Интервју со претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски

    Можеби во блиска иднина поради проектите кои ги реализирав ќе бидам означен како најлошиот, а можеби и како најдобриот претседател на федерацијата. Факт е дека…

  • Интервју со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп

    Интервју со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп

    Tonino Lamborghini е кафе кое е симбол на италијанската култура и традиција Денар: Првата асоцијација која ја добиваме кога ќе се спомене престижниот бренд Ламборџини…

  • Интервју со г. Глигор Цветанов, Извршен Директор на Макпрогрес ДОО Виница

    Интервју со г. Глигор Цветанов, Извршен Директор на Макпрогрес ДОО Виница

    Денар: Макпрогрес постои 26 години. Што е тоа што ја одржува компанијата, а што е тоа што ја движи напред? Целосната посветеност на менаџментот и…

  • Интервју со м-р Лазе Камчев- Главен Извршен Директор на КД Фондови

    Интервју со м-р Лазе Камчев- Главен Извршен Директор на КД Фондови

    Инвестициските фондови обезбедуваат профитабилност, сигурност и ликвидност Живееме во време кога сме соочени со најразлични предизвици. Тоа честопати не спречува да размислуваме за својата иднина,…

  • Интервју со Мурат Јуксел, маркетинг директор на Рамстор Македонија

    Интервју со Мурат Јуксел, маркетинг директор на Рамстор Македонија

    Денар: Рамстор маркетите се еден од лидерите во малопродажбата, постојано зголемувајќи ги стандардите во таа област. Дали би можеле да издвоите кои се тие деловни…

  • Интервју со Виктор Устијаноски, сопственик на Укион

    Интервју со Виктор Устијаноски, сопственик на Укион

    УКИОН ДООЕЛ е интернет ориентирана компанија основана со визија да понуди едноставност во интернет работењето. 1. Кои се услугите кои ги нуди Укион? Нашето работење…

  • Интервју со Давор Вукадиновиќ – Претседател на Управен одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и Филип Николоски, Втор генерален директор на КБ Пензиско друштво

    Интервју со Давор Вукадиновиќ – Претседател на Управен одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и Филип Николоски, Втор генерален директор на КБ Пензиско друштво

    Денар: На кој принцип функционира пензискиот систем во Македонија? Давор Вукадиновиќ: Од 2006 година во Република Македонија оперативно започна да функционира реформираниот тристолбен пензиски систем. Со…

  • Интервју со Маја Бојчевска Ѓорѓиевска, генерален менаџер на Агенција за обезбедување на имот и лица ОСА

    Интервју со Маја Бојчевска Ѓорѓиевска, генерален менаџер на Агенција за обезбедување на имот и лица ОСА

    Денар: Г-ѓа Ѓорѓиевска, вашата компанија е првата основана Агенција за обезбедување на имот и лица во земјата. Успешно работите веќе 16 години, која е тајната…