23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеработници или работохолици - Кои се поопасни?

Неработници или работохолици – Кои се поопасни?

work2

Рабoтохолиците се поштетни за компанијата отколку вработените кои изостануваат од работа, тврдат француските аналитичари.

Аналитичарите тоа го објаснуваат со фактот што скриените трошоци поради претераното присуство на работа, кое доведува до повреда на работа и психичка нестабилност, се далеку поголеми отколку во случаите на отсуство.

„Болеста“ на современиот живот, зависноста од работа која обично се поврзуваше со Јапонците, се прошири и на европскиот континент особено во време на последната финансиска криза која започна во 2008 година, кога вработените поради страв од загуба на работата остануваат и повеќе од 12 часа на работа, пишува весникот Фигаро.

Францускиот аналтичар Матје Поаро, основач на консултантската куќа Мидори Консалтинг, наведува дека во 2014 година во Франција 4,53 проценти од вработените отсуствувале од работа, додека стапката на оние кои прекувремено работеле е далеку поголема, и изнесува меѓу 6,34 и 9 проценти.

Овој француски експерт за квалитетот на животот на работа проценува дека скриените трошоци поради претераното седење на работа, кое доведува до повреда на работа и психичка нестабилност, Франција годишно ја чинат меѓу 14 и 25 милијарди евра, додека трошоците за отсуство од работа ја чинат во просек околу девет милијарди евра.

Во Шпанија повеќе од 12 проценти од популацијата страдаат од работохоличарство, а осум проценти од вработените работат повеќе од 12 часа дневно.

Секој седми вработен во Швајцарија страда од депресија поради заморот на работа, пренесува Фигаро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП