29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОд F1 до F12: Кратенки на тастатурата кои штедат време

Од F1 до F12: Кратенки на тастатурата кои штедат време

mail-660x330

Копчињата кои се наоѓаат на врвот од вашата тастатура од F1 до F12, не се тука за да собираат прашина. Служат за различни функции, а некои од нив би можеле да ви бидат и многу корисни.

F1 Отвора „прозорче за помош“ за речиси секоја програма.

F2 Овозможува да го промените називот на било кој обележан фајл или фолдер.

F3 Отвора пребарувач за апликацијата која е активна во тој момент.

F4 Alt+F4 го затвора активниот прозорец.

F5 Овозможува да ја рефреширате или повторно да ја вчитате старницата или документот.

F6 Промена на курсорот на барот за адреса во повеќе интернет пребарувачи.

F7 Оваа функција служи за проверка на правописот и граматиката во Word.

F8 Се користи за пристап до „boot менито“ за Windows при вклучување на компјутерот.

F9 Го освежува (рефрешира) документот во Word и испраќа и прима мејлови во Microsoft Outlook.

F10 Го активира „мenu bar“ на отворената апликација. Shift + F10 има иста функција како и десен клик.

F11 Влези/излези од „fullscreen“ моделот на интернет пребарувачите.

F12 Отвора „Save as dialog box“ во Microsoft Word.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП