19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета VB6 - веган, но само до 18 часот

Диета VB6 – веган, но само до 18 часот

dieta-196706-500x334

Дознајте повеќе за диетата VB6, при која го почитувате веганскиот режим на исхрана до 18 часот, а потоа можете да се занесете во кулинарските искушенија во умерени количини.

Диетата VB6 е создадена од Марк Битман. На Марк Битман му била поставена дијагнозата пред-диабетна состојба. Лекарот му предложил на Битман 2 варијанти – да почне да пие лекови или да помине на вегетаријанска исхрана.

Битман избрал вегетаријанска исхрана. Освен што ги елиминирал сите намирници со животинско потекло, Битман престанал да јаде и секаква процесуирана храна. Престанал со белиот леб, обичната паста, а повеќе не конзумирал нити алкохол.

Овој режим Марк Битман го држел секој ден до 18 часот. Потоа можел да си дозволи од забранетата храна, но во мали до умерени количини. Само за 4 месеци со оваа диета, Марк Битман симнал 16 килограми, а нивото на шеќерот во крвта и лошиот холестерол му се вратиле во нормала.

jena-chasovnik-dieta-hranene-zdravoslovno-otslabvane-155492-500x0

6 принципи на диетата VB6:

– Јадете големи количини на различно овошје и зеленчук

– Јадете помалку храна од животинско потекло, а кога ги консумирате – порциите нека бидат многу мали

– Јадете многу малку или воопшто не јадете брза храна

– Јадете домашно зготвена храна. Така најдобро знаете што содржи вашиот оброк.

– Јадете квалитетна храна во нормални количини, наместо да се убивате со неквалитетна храна.

– Гледајте на тежината како на една од компонентите за добро здравје.

 

Пример мени за диетата VB6:jena-chasovnik-168045-240x0

Појадок: Препечено интегрално парче леб, јаболко

Ручек: Супа од леќа и салата, овошје за десерт

Ужинка: Овошје, зеленчук или шака јаткасти плодови по избор

Вечера: Пилешко филе на скара, гарнирано со свеж зеленчук. Овошје за десерт.

 

Физичка активност за диетата VB6:

Според Марк Битман физичката активност е задолжителна не само кога се почитува некоја диета, туку секојдневно. Секоја форма на физичка активност помага за симнување на вишокот килограми, смирува, предуслов е за подобар сон и го подобрува расположението.

Спортот или физичката активност треба да ви носат задоволство, а не да го чувствувате како обврска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП