20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ добија намалување на казната

„Кралевите“ добија намалување на казната

kralevite335350

Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе може да биде активен на трансфер пазарот, откако во вторникот Судот за спортска арбитража (CAS) за седум месеци му ја намали казната на „кралскиот клуб“ која му ја изрече Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Поради неправилности во трансферите со малолетни фудбалери, ФИФА, го казни Реал со забрана на трансфери во два преодни рокови, односно забрана на трансфери до јануари 2017-та.

Одлуката на ФИФА, во вторникот, ја поништи CAS, односно казната на „кралскиот клуб“ ја намали за седум месеци.

„Судот ни соопшти дека делумно ни ја ублажил казаната за трансфер на фудбалери, односно дека таа ќе се однесува само на престојниот, јануарски преоден рок“, соопшти Реал на официјалната интернет страница.

„Жалиме што судот немаше доволно храброст целосно да ја укине неправедната казна“, стои во соопштението.

Иако казната му е намалена Реал ќе мора да ја плати паричната казна од 360.000 евра

Одлуката на CAS, која со делумо задоволство ја прифатија во Реал, наиде на огромно незадоволно во редовите на најголемиот ривал Барселона. Каталонскиот тим, претходно беше казнет со забрана на трансфери во два преодни рока и беше парично казнет.

„Нов скандал“ е порака од насловната страница на каталонскиот весник Sport, додека претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу порачал дека ќе истражи кои се пирчините што за ист случај Реал минал подобро од неговиот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП