29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајдобар ТЕД говор за 2016: Урнебесно видео кое објаснува ситуација во која...

Најдобар ТЕД говор за 2016: Урнебесно видео кое објаснува ситуација во која сме се нашле сите барем еднаш во животот (видео)

urban-660x330

На сите нас ни се случило да имаме нешто важно да завршиме, а тогаш некако се наоѓаме како читаме сосема неважни работи на Wikipedia. Или, имаме рок, но и понатаму не можеме да се тргнеме сликите на луѓе кои не ги познаваме… Ова видео зборува токму за тоа.

Тим Урбан е писател и има свој блог ‘Wait but why’, и пред неколку години одлучил да пишува за одлагањето на обврските (прокрастинација). Иако знае дека одолговлекувањето нема смисла, никогаш не можел да се ослободи од навиките да чека до последен момент да ги заврши обврските.

Во ова урнебесно видео, Урбан објаснува што се случува во нашиот мозок кога ќе одлучиме да не ги завршиме обврските веднаш… или барем се обидува.

Препорачуваме задолжително да го погледнете видеото… Следната година, веројатно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП