Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Tip of the week: Важно е да се реши проблемот!

Време: 15:41

Датум: декември 15, 2016

Категорија: КОЛУМНИ

Untitled-1

Во две проблематични ситуации, што ми се случија периодов, двајца од соработниците кога се појави проблемот ми рекоа „не се грижи, најважно е да го решиме проблемот”.

И во двете ситуации се почувствував убаво, бидејќи луѓето размислуваат проактивно и во насока на решавање на ситуацијата, а не жалејќи и кукајќи – зошто и како се случил проблемот. Но, интересно е тоа што иако двете ситуации беа насочени кон остварување на иста цел, сепак двете ситуации беа различни. Намерата кај соговорниците за акција, за решавање на ситуацијата не беше иста.

Кога некој ќе ви каже дека е важно да се фокусираме на решение на проблемот, а не да бараме кривица во некого, може да има на ум две можности:

  1. Фокус на решение

Одличен став кој треба секој од нас да го има во ситуација кога ќе се случи проблем. Да не трошиме енергија залудно на обвинувања и расправања што можело и требало да се случи, туку да ги насочиме нашите мисли и фокус кон пронаоѓање на најсоодветното и најпродуктивно решение. Исто така, овој став важно е да го имаме постојано, а не само во некои ситуации, кога нас ни одговара така.

Нормално, откако ќе се реши ситуацијата, многу корисно е да се направи анализа за неа. Но, не со цел да се најде кривецот (иако мора секој да сноси одговорност за своите постапки) туку повеќе од аспект да се научи нешто, извлече поука и да не се повтори истата грешка повторно.

  1. Спин” на муабетот

Втората можност, во истата ситуација, може да е многу манипулативна. Соговорникот може и ќе се фокусира на решение на проблемот, но намерата не му е иста како и во првиот случај. Тој го кажува тоа само да се заштити себеси и да го сврти муабетот на друга страна. Тој знае дека вас ви одговара најбрзо решавање на проблемот, и затоа го истакнува како најважно во моментот. Но, во суштина тој сакал да ја избегне одговорноста, да не ги преземе последиците, користејќи „спин” техника на дефокусирање на разговорот.

Во секој случај, ако се фокусираме на решението ќе бидеме подобри и поефикасни во извршување на работата, па макар сакале да одбегнеме некоја одговорност. Важно е да научиме од тоа и да извадиме заклучоци кои ќе нè подобрат во работата во иднина.

Следниот пат, кога ќе се најдете во слична ситуација, размислете дали навистина имате став за „решавање на проблемот” или сакате само да ја одбегнете одговорноста!?

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

  • Tip of the week: Хаос на маса

    Tip of the week: Хаос на маса

    Велат дека каква ти е работната масата таков ти е карактерот. Ако е така, тогаш ова што ви го пишувам баш и не ми иде…

  • Tip of the week: Краток текст

    Tip of the week: Краток текст

    „Го напишав ова писмо подолго од вообичаено, затоа што немам време да го напишам пократко”                    …

  • Tip of the week: Неспиење

    Tip of the week: Неспиење

    Според некои статистики, на човековиот организам, за да функционира нормално,  потребно му е од 6 до 8 часа спиење во текот на ноќта, а не…

  • Tip of the week: Никој не ни е крив

    Tip of the week: Никој не ни е крив

    Оф мори мајкоооо… и секогаш на ова имаме: па што ти е крива мајка ти? И навистина така е, што е крива таа што вам…

  • Tip of the week: Импровизација!

    Tip of the week: Импровизација!

    „За да бидете добри импровизатори, мора да сте експерти ’мајстори’ во она што го правите!” Импровизацијата, најмногу се поврзува со некоја уметност (сликарство, музика, глума…),…

  • Tip of the week: Домашна задача

    Tip of the week: Домашна задача

    Пред некој ден се вратив од зимување, и на работа се шегувавме дека би требало да напишам состав: „како си помина на зимскиот распуст“. Веднаш…

  • Tip of the week: Почеток

    Tip of the week: Почеток

    Со почетокот на година започнуваат нови работи. Логично е, не за друго, сите да си посакаме и да ни се случат убави работи. Но, дали…

  • Tip of the week: Набрзинка

    Tip of the week: Набрзинка

    Секојдневно сме атакувани со информации за нешто што може да се направи набрзина. Ослабете за 3 дена! Рамен стомак за 2 дена! Научи јазик за…

  • Tip of the week: Мудри одлуки

    Tip of the week: Мудри одлуки

    Според некои истражувања, дневно донесуваме околу 70 одлуки. Некои од нив се минорни, како на пример, што да јадеме или по кој пат да одиме…

  • Tip of the week: Сериозно сфаќање на работите!

    Tip of the week: Сериозно сфаќање на работите!

    Каков оксиморон е животот?! Пред неколку неделни совети, пишував за тоа како не треба работите да ги сфаќаме сериозно, а сега пишувам за тоа како…