24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто вработените даваат отказ

Зошто вработените даваат отказ

22da892

Давањето на отказ не е нешто што вработените лесно го прават. Обично работодавците мораат да им дадат добра причина…

Минималниот раст на заработката, недостатокот на можности за напредување и прекувремената работа се првите три фактори кои влијаат на одлуката за давање отказ според наводите на постојано вработените лица во Европа, Азија и Северна Америка.

На листата со причини за отказ се наоѓаат и компаниите или одделенијата кои на ја поттикнуваат тимската работа, како што навеле 71 процент од испитаниците. Тоа се шефовите кои не им овозможуваат флексибилност кога станува збор за местото и времето на работа, што го навеле 65 проценти од вработените, а речиси ист број од нив како една од причините ги наведува и компаниите во кои стравуваат дека ќе бидат казнети доколку се определат за флексибилно работно време.

Еден од водечките фактори за отказ се повеќедневните патувања кои подразбираат нивно отсуство од дома. Половина од испитаниците изјавиле дека би ја напуштиле работата на која би имале многу ограничен пристап до менторите.

Ова се резултатите на најновото истражување на EY кое беше спроведено на 9.700 постојано вработени лица во осумте најголеми водечки економии во светот: САД, Бразил, Мексико, Велика Британија, Германија, Индија, Кина и Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП