Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,302.07 0.01%    CEVI 964.00 2.89%    KMB 2,698.74 0%    MPT 27,000.00 0%    RZUS 105.32 2.25%    STB 910.00 0%    STIL 129.00 0%    TEL 277.73 0.89%    UNI 1,900.00 0.01%    

Tip of the week: Мудри одлуки

Време: 11:53

Датум: декември 9, 2016

Категорија: КОЛУМНИ

Untitled-1

Според некои истражувања, дневно донесуваме околу 70 одлуки. Некои од нив се минорни, како на пример, што да јадеме или по кој пат да одиме до крајната цел, но некои од нив се и со големо значење. Мудроста е во тоа, сите тие одлуки да се донесат најправилно што може, затоа што одлуките коишто ги донесуваме секојдневно, речиси секогаш се директно или индиректно поврзани и влијаат на вашиот животи, но и на животот на вашите најблиски.

Од друга, пак, страна, многу често се соочуваме со донесување на тешки одлуки, па згора на сè, тие и не зависат од нас. Во нивното крајно остварување се инволвирани една или повеќе личности, а консеквенциите што може да ги имаат тие, не ги знаеме однапред. Мал милион работи се инволвирани, па затоа во вакви ситуации или тотално се збунуваме или едноставно избегнуваме да ја донесеме одлуката.

Убавината е во тоа што со толкав број донесени одлуки, на дневна основа, со тек на време веќе ќе морате да знаете како да им дадете приоритет и како секоја одлука да биде мудро донесена од претходната. За да го направите тоа тогаш ќе треба:

  • Слушајте – веќе неколку пати сме зборувале за ова, но слушајќи дефинитивно многу ќе си помогнете во донесувањето на одлуката. Кога зборувам за слушање, мислам на активно слушање каде што покрај тоа што ќе ги слушнете работите што ќе ви ги кажат, ќе може и да ги процесирате и да си дефинирате нешто во вашите мисли.
  • Подобрување – секој ден работете на подобрување на вашите способности за донесување на одлуки. Минорните одлуки нека ви станат рутина и учете од грешките при нивно донесување, а повеќе внимание дајте на тешките одлуки. Нека секоја наредна е подобра од претходната.
  • Анализирајте – одвојте време за добра анализа на работите. Анализирајте ја моменталната состојба и вие во неа и пробајте да ги изанализирате некои состојби и вие во нив, со минимум две различни одлуки.
  • Интегрирајте – пробајте да ја направите целата мрежа. Анализирајте ги и последиците што можете да ги имате со минимум две различни одлуки не само на вас туку и на средината околу вас (директно или индиректно) со сите информации што ќе ги имате. За да го направите тоа, ќе треба да ги:
  • Менаџирате информациите – сите што ги добивате да ги процесирате и да ги складирате во фолдери кои после ќе ви помогнат во малата и големата слика.

Имајќи го сето ова горенаведено, пробајте да донесувате мудри одлуки во наредниот период и бидете сè подобри во тоа.

Со успех во промените,

Калин Бабушку

Член на тимот

 

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    Во една од претходните колумни кога пишував за кредитниот мораториум, пишував и за така нареченото стручно тело кое треба да биде еден вид предстечаен управник…

  • Tip of the week: Поддршка на проект или акција

    Tip of the week: Поддршка на проект или акција

    Сигурен сум дека поголемиот број од вас знаат, но за тие кои не знаат, од неодамна го лансиравме концептот за интернационализација на Прирачникот „Tip of…

  • КОЛУМНА: Аград и Биград – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Аград и Биград – М-р Раде Чоловиќ

    Сакам да ви прераскажам една приказна која ја прочитав пред повеќе години во еден учебник по англиски јазик. Во времето кога градовите биле кнежевства си…

  • Tip of the week: Како требало, така ќе биде!

    Tip of the week: Како требало, така ќе биде!

    Возбуден од неодамна лансираниот концепт за интернационализација на Прирачникот „Tip of the Week“, во разговор со еден пријател, му раскажувам колку сум загрижен за тоа…

  • КОЛУМНА: Белата чума во Македонија – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Белата чума во Македонија – М-р Раде Чоловиќ

    Еден мој пријател, Струмичанец на свои 49-50 години, до пред неколку години мака мачеше да најде работа. Во изминатава година без проблем  ја смени работата…

  • КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    Веќе на двапати, во разговор со двајца различни луѓе, ми кажуваа за инженер, французин, кој што живее повремено во село Јанче. Во ова убаво горнореканско…

  • Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Многу обврски! Многу различни задачи! Многу кратко време! Дали се наоѓате понекогаш во ваква ситуација? Доколку одговорите:Постојано: тогаш нешто не е во ред! Или со…

  • КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    Според насловот можеби можете да претпоставите дека оваа колумна е на тема Општата или јавна чистота. Секоја година имам чувство дека градот ни е повалкан…

  • Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Остварувањето на идеите, односно тестирање на некоја идеја, досега никогаш не било полесно. Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација каде што имале генијална…

  • КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    Јас ја имав среќата (или несреќата) да бидам еден од оние кои бевме последна септемвриска класа во Југословенската Народна Армија (ЈНА). Среќа затоа што имам…