20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците за рекламирање на социјалните мрежи ќе достигнат 50 милијарди долари до...

Трошоците за рекламирање на социјалните мрежи ќе достигнат 50 милијарди долари до 2019-та

get3

Обемот на средствата кои се трошат за рекламирање на социјалните мрежи, ќе надминат рекламните приходи на весниците до 2020-та година, покажува прогнозата на агенцијата „Zenith Optimedia“, цитирана од агенциите.

Брзата експанзија на социјалните мрежи при користењето на мобилни уреди, како и поголема брзина на интернет конекцијата и развиените технологии водат до голема промена во начинот на кој многу луѓе наоѓаат вести.

„Zenith Optimedia“, која е во сопственост на француската „Publicis“, прогнозира дека глобалните трошоци за рекламирање на социјалните мрежи ќе сочинуваат 20% од интернет рекламирањето во 2019-та година, достигнувајќи 50 милијарди долари, што ќе биде само со 1% помалку од рекламните приходи на весниците. Агенцијата очекува социјалните мрежи да ги надминат весниците по овој показател до 2020-та година.

„Социјалните мрежи и онлајн видеата се мотор на тековниот раст на глобалните трошоци за реклама, и покрај политичките закани за економијата“, коментира Џонатан Барнард, шеф за проекции во „Zenith“.

Медиумската индустрија беше потресена од брзата промена во промотивните тенденции во последниве години, бидејќи компаниите ги насочија своите рекламни буџети од традиционалните медиуми како весниците, во десктоп компјутерите, но и преку мобилните уреди.

Компаниите ги насочуваат сепак поголем дел од своите трошоци за рекламирање кон социјалните мрежи, каде рекламите се покажаа како поефикасни, отколку кај банер форматите.

Извештајот на „Zenith“ прогнозира дека растот на глобалните трошоци за рекламирање ќе бидат 4,4% во 2017-та година. Тие ќе бидат исти како во 2016-та година, што е подобро претставување, имајќи ги предвид настаните, како на Олимписките игри, референдумот во Британија и претседателските избори во САД, кои ги охрабрија рекламните трошоци за годината.

Онлајн видео рекламата исто така рапидно се зголемува и се очекува да достигне 35,4 милијарди долари во светот до 2019-та година. Збирот ќе биде доста над оној кој е потрошен за радио реклама, но ќе остане под оној за телевизиска реклама.

Глобалните трошоци за реклама останаа стабилни по 2010-та година, покажува извештајот, иако растот падна во Блискиот Исток и Северна Африка. Се очекуваше тие да продолжат да бележат силен раст во Кина и поголемиот дел од Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП