19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat го покажа најмоќниот Leon во историјата (фото)

Seat го покажа најмоќниот Leon во историјата (фото)

kuprata-03

На крајот на септември шпанскиот производител го претстави обновеното семејство „Seat Leon“, ветувајќи дека ќе открие детали и за неговите спортските верзии. Компанијата го исполни ветувањето и ги покажа хечбекот и караванот „Cupra“, при што се обложува на зголемување на ефикасноста на моторите и на голем број модерни асистенти за безбедност.

Хечбекот „Seat Leon Cupra“ е опремен со 2,0-литарски бензински „TSI“ мотор, чија моќ во споредба со неговиот претходник се зголемила за 10 КС и веќе достигнува 300 КС. Вртежниот момент е зголемен за 30 Нм до 380 Нм, кои се достапни во опсег од 1750 до 5500 врт/мин. Моторот се комбинира со преселективен автоматски менувач.

kuprata-01

Караванот „Leon ST Cupra 300“ се потпира на истиот агрегат, а ќе располага и со систем за погон на сите четири тркала „4Drive“. Тој ќе биде користен и кај помоќната модификација на „Cupra“, која треба да биде готова за околу една година. Кај неа моќноста на моторот ќе биде во рамките на 340-350 КС, што треба да му овозможи на моделот да се натпреварува со „Ford Focus RS“.

За да се справи со слична моќност возачот ќе има на располагање адаптивна шасија, управувач со променлив напор и електронски само-заклучувачки диференцијал. Постојат 5 режими на подесувања на агрегатите – „Comfort“, „Sport“, „Eco“, „Individual“ и „Cupra“, а токму во последниот автомобилот го открива својот целосен потенцијал.

kuprata-02

Останатите асистенти за безбедност и помошни системи се идентични со оние на стандардните караван и хечбек. Барања за двете спортски верзии веќе се прифаќаат од дилерите на брендот, а првите автомобили ќе бидат доставени на клиентите во февруари 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП