25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишните ЕКТМ дозволи ќе се делат ден по изборите

Годишните ЕКТМ дозволи ќе се делат ден по изборите

transport-79229

Поради изборниот процес што во моментов се случува во Република Македонија, а согласно сите законските прописи што се применуваат и заради транспарентност на постапката, прелиминарната распределба на годишни ЕКТМ дозволи за меѓународен превоз на стоки ќе се оддржи на 12.12.2016 година.

„Сакаме да ги увериме сите транспортни компании во Република Македонија, дека Министерството за транспорт и врски согласно своите надлежности во соработка со Комисијата за распределба на ЕКТМ дозволите, ќе изврши распределба и дистрибуција на транспортните дозволи до крај на оваа година“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Во периодот од 13. 12. 2016 година до 20. 12. 2016 година е предвиден период за приговори преку електронскиот систем. На 22. 12. 2016 година ќе биде објавена конечна листа на распределени ЕКМТ и резервирани поединечни транспортни дозволи и до крај на годината ќе бидат дистрибуирани дозволите на превозниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП