25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИтно воведени нови мерки поради загадениот воздух во Париз, кај нас кога?

Итно воведени нови мерки поради загадениот воздух во Париз, кај нас кога?

parigi-inquinamento-001

Поради големата загаденост на воздухот, градските власти во француската престолнина Париз, соопштија дека вовеле измени во сообраќајот.

Приватните автомобили чии регистарски таблички завршуваат на непарен број, во вторник, не ќе може да влезат во градот, ниту во 22 предградија што го опколуваат. Возилата чии регистерски таблички завршуваат со непарен број ќе можат да возат низ Париз, но само во случај да превезуваат повеќе од тројца патници.

Градските власти на Париз не соопштија дали овие мерки ќе важат и во среда, но информираа дека денес жителите ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз.

Податоците на француската Агенција за управување со околината и енергијата, покажуваат дека возилата испуштаат две третини од емисијата на азот диоксид и 55 отсто од емисијата на штетни честички во Париз. Азот диоксидот што го испуштаат возилата на дизел, кај децата може да предизвика астма или болест на белите дробови.

Скопје, Тетово, Битола,  Куманово се градови кои со денови имаат загаден воздух и присуство на ПМ честички повеќе од  дозволеното.

Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно ПМ10 честичките.

Неопходни се конкретни мерки, како во случајот со Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП