25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВикендов Скопје беше домаќин на меѓународен настан на невладината организација Inner Wheel

Викендов Скопје беше домаќин на меѓународен настан на невладината организација Inner Wheel

bbb

Најголемата невладина женска организација во светот која брои околу 150.000 членови од повеќе од 100 држави International Inner Wheel продолжува со својата глобална експанзија преку основање на нови “млади” клубови под името Еуропеа. 

Една од првите земји членки на Еуропеа клубовите е Македонија која викендов го основаше клубот Inner Wheel Club Skopje Europea.  Чартерувањето на новиот клуб со своето присуство го почестија високи претставници на Inner Wheel клубовите  од тринаесет земји меѓу кои претседателот на интернационалниот Inner Wheel  за 2015/2016 година Шарлот Де Вос,  националните претставници на клубовите од Австрија Габриел Шрумпф,  од Хрватска Сандра Неретљаковиќ, Mери Шуман Томиќ и од Германија Бригит Кохлер.  На настанот на големо задоволство на домаќините присуствуваа и претставници на бордот на директори на Inner Wheel Џанет Диониџи од Италија и Нели Братоева од Бугарија.

aaa

Македонија иако млада и мала земја сепак силно прогресира во проактивното делување на Inner Wheel клубовите на локален и меѓународен план водени од Анета Антова Пешева, претседател на Inner Wheel Дистрик 255 Македонија, клуб кој ги обединува во едно сите домашни Inner Wheel клубови од Скопје, Битола, Велес и Куманово.

“Како претседател на Македонскиот дистрикт 255 и повеќе сум од задоволна од тоа што го сработивме досега и многу ме радува основањето на новиот клуб. Доказ дека нашата работа е ценета и признаена во светот е и присуството на нашата свечаност на повеќе од тринаесет делегати од странство, кои дојдоа да ни дадат признание и поддршка”, изјави Пешева.

Новиот клуб Скопје Еуропеа во моментов го сочинуваат шеснаесет членови, а главна цел на клубот како и на останатите ќе биде ширењето на добрата волја и хуманизмот, под водство на претседателката Соња Бибановска, директор на Холидеј Ин.

????????????????????????????????????

“Со назначувањето за претседател  на клубот  со целото срце се обврзувам да и служам на оваа организација со цел да допреме и помогнеме на оние на кои им е најпотребна помош, да креираме подобра иднина и заедно со сите вас да создадеме подобар свет”, изјави Бибановска.

Основањето на новиот клуб  ја мапира Македонија многу високо во полето на невладиниот сектор кој се справува со прашањата за женското лидерство, децата со посебни потреби, ранливите општествени категории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП