20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus се враќа на керамика

OnePlus се враќа на керамика

keri3

„OnePlus“ неодамна го претстави освежениот модел на смартфонот „OnePlus 3“ – „OnePlus 3T“. Новиот уред како што знаете не донесе премногу новитети – само понов „SoC“ (Snapdragon 821), поголем капацитет на интерната меморија (128 GB) и квалитетна предна камера од 16 MP.

Се друго е во рамките на уредот „OnePlus 3“ што е недоволен напредок за нова нумеричка ознака, но е доволно да се додаде буква во името (T). Но, се чини дека следната година „OnePlus“ ќе донесе некои одлуки поврзани со редизајнот на уредите со кои ќе се оправда новата нумеризација во името и тоа не за еден, туку за два броја.

Имено, следната година нема да го видиме „OnePlus 4“, туку „OnePlus 5“. Причината за тоа е кинеското верување дека бројот 4 е несреќен. Со цел да го оправда прескокнувањето на едната бројка, „OnePlus“ според информациите при изработката куќиште од метал ќе преминат повторно на керамика, како што беше случај со моделот „OnePlus X“. Неколку добри причини за враќање на керамиката во оптек – керамиката подобро поднесува високи температури, отпорна е на гребнатнинки, подобро спроведува сигнали (5G), т.е. општо познато е дека е поиздржлива керамиката од металот.

Изворот наведува дека „OnePlus 5“ ќе пристигне во вториот квартал од 2017-та година и ќе има процесор „Snapdragon 835“. Што се однесува до екранот се истакнува дека новиот модел би требало да има 5,5 инчен „QHD Optic AMOLED“. Количината на меморија би требало да остане на ниво на овогодишните модели „OnePlus 3“ и „OnePlus 3T“ – 6 GB, а како оперативен систем се споменува „Android Nougat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП