23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразилците повеќе нема да одат во пензија на 50 години

Бразилците повеќе нема да одат во пензија на 50 години

untitled1

Владата на Бразил предложи фиксирање на минималната старосна граница за пензионирање на 65 години, како дел од реформите на пензискиот систем за кој многумина велат дека е неодржлив.

Бразилците сега имаат можност да се пензионираат само врз основа на бројот на годините на работниот стаж и тоа можат да го направат штом навршат 50 години.

Претседателот Мишел Темер пред Конгресот и синдикалните лидери го претстави пензискиот план, а пратениците ќе го разгледуваат денес.

Бразил е во длабока рецесија, а Владата се надева дека реформите на пензискиот систем ќе го ублажат притисокот врз јавните финансии и ќе го поттикнат економскиот раст. Најавувајќи го планот, Темер изјави дека „реформите на системот за социјално осигурување денес, се единствена гаранција дека системот за социјално осигурување ќе постои и утре.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП