20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЌе се формира регионална лига во младинска конкуренција

Ќе се формира регионална лига во младинска конкуренција

20161205161306-696x391

Преставници на седум фудбалски сојузи од Југоисточна Европа, во понеделникот во Загреб, разговарале за формирање на младинска лига во машка и женска конкуренција.

Во Загреб позитивно по овој предлог се изјасниле преставниците на Фудбалските сојузи на Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија и Унгарија.

Во има на Фудбалската федерација на Македонија на состанокот во Загреб биле присутни, Зоран Стратев, координаторот за младински категории во ФФМ и Ѓоре Јовановски, претседателот на тренерската комисија во ФФМ.

Присутните се согласиле дека територијата на која живеат околу 30 милиони луѓе има голем развоен потенцијал, а исто така биле договорени неколку клучни параметри за новото натпреварување, кое добило зелено светло и од УЕФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП