29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ заработи глоба од 6,8 милијарди долари

„Газпром“ заработи глоба од 6,8 милијарди долари

gzz399

Специјализираниот суд за економски прашања во Киев ја осуди компанијата „Газпром“ да плати 6,8 милијарди долари во форма на парични казни и санкции, соопшти „ТАСС“. Пресудата е изречена по жалбата на антимонополниот регулатор на Украина.

„Судот ги задоволи нашите тврдења во полн обем“, посочија од регулаторот по завршувањето на седницата што се одржа зад затворени врати на барање на одбраната на „Газпром“. Мотивите се дека во текот на случајот може да бидат откриени доверливи информации.

Антимонополната комисија во Украина го казни „Газпром“ со 3,4 милијарди долари за злоупотреба на монополската позиција во почетокот на 2016-та година. Казните во иста големина се наметнати поради задоцнето плаќање на казните.

Адвокатите на „Газпром“ одбија да коментираат за случајот додека го напуштаа судот. Малку подоцна од руската компанија официјално соопштија дека ги анализираат начините за заштита на интересите на Украина.

Гасниот гигант поднесе жалба на одлуката на регулаторот за наметнување на санкции за злоупотреба на доминантната позиција, но загуби на сите инстанци во Украина, додава ТАСС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП