28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНаучна средба по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски

Научна средба по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски

naucna-sredba-pokana-696x500

По повод патрониот празник и одбележувањето на големиот јубилеј – 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ја организира 9-та Научна средба на тема „Свети Климент Охридски – 1100 години духовен светилник“.

Научната средба ќе се одржи во вторник, во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со почеток во 11 часот, а модератор на средбата ќе биде доц. д-р Дејан Борисов, ѓакон. На средбата ќе земат учество еминентните професори и познавачи на делото на големиот просветител Свети Климент Охридски, д-р Стојан Ристески, проф. д-р Елизабета Димитрова, проф д-р Ѓоко Ѓорѓевски, Милош Линдро и м-р Ана Ѓорѓевиќ.

Во рамки на свеченоста ќе биде отворена и изложба на избрани публикации со текстови од Свети Климент Охридски и книги и статии посветени на неговото творештво објавени во Македонија и странство, заедно со неколку уметнички дела на кои е претставен Свети Климент Охридски. На денот на отворањето на изложбата посетителите ќе имаат ексклузивна можност да го видат и старословенскиот ракопис Струшки зборник со творба од Свети Климент Охридски од средината на 16-от век.

На свеченоста поздравна реч ќе има д-р Иван К. Заров, директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“. Програмата ќе ја збогати Византискиот женски црковен хор од црквата св. Петка во Скопје.

Големиот празник ќе биде искористен и за доделување на традиционалните награди во знак на почит кон вработените за долгогодишното споделување на заедничките моменти во Библиотеката, а ќе биде положено и цвеќе на споменикот на свети Климент Охридски во дворот на нашата институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП