20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на суфиска мистична музика во Дом на АРМ

Концерт на суфиска мистична музика во Дом на АРМ

sufi-sacred-music-festival-fes-morocco

Концерт на тасавуфска (суфиска) мистична музика „Љубовта на Илахијата“, ќе се одржи во понеделник со почеток во 19 часот во Дом на АРМ.

Концертот е поддржан од Турскиот културен центар „Јунус Емре“-Скопје и (МАТУСИТЕБ) Сојуз на Турски невладини организации во Македонија.

Уметниците доаѓаат од градот Коња од Турција, кој е познат по дервиши, дом на Мевлана Руми, почитуван научник од 13-ти век. Руми проповедал за љубов, толеранција и простување, како и начин на поврзување со Бога.

Влезот е слободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП