24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Канада отворени скромни 10.700 нови работни места

Во Канада отворени скромни 10.700 нови работни места

kanada 883

Стапката на невработеност во Канада во ноември падна за 0,2 проценти поени на 6,8 проценти, бидејќи во економијата се отворени скромни 10.700 нови работни места.

Стапката на невработеност е намалена и покрај слабото отворање на нови работни места, соопшти канадскиот завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес, потсетувајќи дека во октомври во Канада се отворени 44.000 нови работи места.

Ноемвриските податоци, сепак, ги надминуваат очекувањата на економистите, кои предвидоа дека стапката на невработеност ќе се задржи на 7,0 проценти.

Најмногу работни места се отворени во секторот за услуги, особено во финансиите, осигурувањата и недвижнините, соопштија од Заводот за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП