23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes и понатаму најпродаван премиум бренд во Америка

Mercedes и понатаму најпродаван премиум бренд во Америка

Mercedes-Benz GLC (X 253) 2015

„Mercedes-Benz“ е најпродаваната луксузна марка во САД за првите 11 месеци од 2016-та година.

Германската компанија забележа пазарен раст дури во традиционално слабиот ноември, пласирајќи 30.363 возила во САД (+ 1.1%). Најголем придонес за тоа има кросоверот „GLC“ чија продажба двојно се зголеми.

Во исто време и двата главни конкуренти регистрираа пад: „Lexus“ од 1% (29.050 примероци), а „BMW“ од цели 18% (26.189 возила).

Mercedes-Benz GLC (X 253) 2015

Вкупно од почетокот на годината предноста на „Mercedes“ e 18.000 примероци пред „Lexus“ и 28.000 пред „BMW“, која при сегашните трендови не може да се израмни во декември, забележуваат аналитичарите.

Компанијата од Штутгарт ја враќа првата позиција на овој пазар, кој во 2014-та и 2015-та ја држеше „BMW“. И двете германски марки секогаш се пред „Lexus“, долгогодишниот лидер во САД до 2011-та година.

glc-992

Статистиката сепак не ги предвидува комерцијалните модели на „Mercedes“ и „ќерка“ марка „Smart“, како и „MINI“, кој е дел од „BMW“. Според американските критериуми тие не се водат во луксузни автомобили.

Речиси сигурно „Mercedes“ ќе го надмине „BMW“ и во глобалната битка за првото место во премиум сегментот. На глобално ниво, сепак третата позиција е за „Audi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП