28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајлегендарната сага за два бренда

Најлегендарната сага за два бренда

20130113-213046.jpg

Ривалството помеѓу двата најголеми светски производители на газирани сокови, Кока-Кола и Пепси, трае повеќе од еден век.

Се работи за една од најлегендарните приказни, за борбата на двата врендови во деловниот свет.

Ви ги претставуваме хронолошки приказните за борбата на двата конкуренти, во кои е наведено се што отсекогаш сте сакале да знаете за познатите производители на сокови.

Сагата започнува во раната 1886 година, кога Џон С. Пембертон го развива оригиналниот рецепт за Кока-Кола. Пепси-Кола се појавила 13 години подоцна, и е произведена од страна на фармацевтот Калеба Брадхам.

Во тоа време Кока-Кола продавала околу еден милион литри пијалоци годишно. Кока-Кола во брзо време развива своја култна амбалажа и се проширува на европските пазари. Во меѓувреме, Пепси банкротира заради првата светска војна, а осум години подоцна повторно се соочува со банкрот. За брзо време потоа застанува на нозе и ја зголемува продажбата.

За време на втората светска војна, Пепси го зголемува буџетот за маркетинг и започнува да ги продава своите пијалоци во лименка. Во текот на педесетите години , Кока-Кола се фокусира на телевизиското рекламирање, а Пепси ги прати во истото, несакајќи да ја изгуби борбата. Во 1962 година Кока-Кола излегува на берза, а веднаш потоа лансира и нов бренд – пијалокот Спрајт, кој за многу кратко време станува еден од најуспешните светски брендови.

Спојувањето со производителот за грицки, Фрито Леи, на Пепси му донесе бројни предности, и значајно му помогнало, особено во последниве десет години.
Од друга страна, Кока-Кола остана во сегментот на производство на пијалоци. Иако брендовите на пијалоци на Пепси можеби не се толку јаки, бизнисот со производство на грицки му цвета.

Кока-Кола зазема поголем дел од пазарот на пијалоци, но Пепси заради поширокиот опсег на работење, остварува поголеми приходи. Секој од брендовите на својата страна има цела армија од познати личности, кои за своите маркетинг активности се и тоа како добро платени.

Од самото основање па до денес, и Кока-Кола и Пепси имаат направено многу промени во изгледот на своите логоа. И двете компании ја прифатија популарноста на дигиталните медиуми, и ги користат сите маркетиншки предности кои им ги нудат социјалните мрежи на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП